fbpx

Академија за Software Testing

Без разлика какво ти е претходното образование, ако сакаш да промениш кариера или да започнеш нова, Академијата за Software Testing е најефикасниот начин да започнеш одлично платена кариера во IT индустријата.

6

МЕСЕЦИ

24

ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ

9

РЕАЛНИ ПРОЕКТИ

6 причини да започнеш Software Testing кариера

  1. Побарувачката на software testers е меѓу најголемите на пазарот на труд
  2. Работата како software tester е мошне добро платена
  3. Не е неопходно претходно предзнаење од сродна област
  4. Алатките за работа се релативно лесно совладливи
  5. Ќе можеш да работиш full-time, remote или како freelancer
  6. Преодот од software tester кон developer е мошне реален и доста чест

За добра кариера се потребни само храброст и упорност

Дали знаеш дека скоро секоја наша успешна приказна започнала со „сигурно нема да ме бива за програмски јазици“? Над 90% од кандидатите кои се запишале и успешно ги завршиле нашите академии од областа на IT почнале со голема несигурност. И тоа е сосема нормално бидејќи сите се спремале да почнат да учат нешто за што немале претходно познавање. 

Царински застапник и инженер по прехранбена технологија, службеник во администрација, средношколец, банкар и многу други. Сите покажаа дека се што е потребно за успешна промена на кариера е храброст и упорност.

Благица Божиновска

„Моментално работам во софтверска фирма – Steets, и слободно можам да кажам оваа промена е најдоброто нешто што сум го направила во животов!“

Иван Микулец

„Веќе работам како програмер во фирма за ЕРП софтвер. Благодарение на Brainster, успешно се преквалификував и го работам она што низ годините сфатив дека го сакам.“

Кристијан Бобевски

„Пред почетокот се двоумев дали IT индустријата е правиот избор за мојот професионален живот, сега со сигурност можам да потврдам дека сум го направил најдобриот избор.“

50
Обуки
1000
СТУДЕНТИ
0 %
ВРАБОТУВАЊЕ

ПРОГРАМА

Ќе се запознаеш со најважните технологии кои ќе ти помогнат лесно да ги разбереш сите предизвици со кои ќе се соочиш како тестер.

Ќе се запознаеш со SQL, Linux, OOP (Java или C#/Maven, TestNG Basics)

Ќе ги научиш основите на тестирање на софтвер преку решавање на реални проблеми.

Ќе се запознаеш со дизајн на тестирањето, типовите на тестирање и начините на репортирање на дефектите

Ќе ги научиш најважните концепти поврзани со автоматизираното тестирање со помош на: Selenium WebDriver, Rest API Testing, Appium

Ќе ги заокружиш сите стекнати вештини во претходните 22 недели преку совладување на процесот на Performance testing со помош на Jmeter.

На крајот од академијата ќе имаш серија од неколку работилници фокусирани на почеток на твојата нова кариера. Како да подготвиш презентација, ново CV и портфолио, како да се спремиш за твоето прво интервју во некоја од ИТ компаниите.

ЕДНОМЕСЕЧНА БЕСПЛАТНА ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОГРАМА

Пред да започне академијата ќе добиеш материјали за да можеш успешно да се подготвиш за академијата и веднаш да започнеш со работење на реални проекти. Материјалите вклучени во бесплатната подготвителна програма се вебинари, видео туторијали и e-books.


Начин на аплицирање

Следната група на Академијата ќе започне со подготвителна програма наскоро. Редовните предавања во рамки на програмата која започнува во март ќе се одржуваат три пати неделно, во работни денови, со почеток од 17:00 или од 19:30, со времетраење од 2 часа.  

Групата ќе биде составена од 22 учесници, а селекцијата на кандидати е во тек.

1

Пополни ја апликацијата со твоите податоци

2

Ќе договориме информативна средба што ќе ја направиме онлајн

3

Почни да учиш за кариера
од соништата

ОКТОМВРИ 2020

ПОПОЛНЕТО
1550
  • На 15 месечни рати без камата

АПРИЛ 2021

7 слободни места
1550
  • На 15 месечни рати без камата

За повеќе информации околу можностите за финансирање и сите останати информации јавете се на телефонскиот број 075 448 948 – Миа

Често поставувани прашања:

Сите компании на пазарот на труд, не само гигантите од Силиконската долина – се развиваат во насока на tech компании, а со тоа и се отвараат нови работни места за софтвер тестери кои креативно ќе пристапат кон проблемите и ќе спроведат одржливи решенија за истите. Истражувањето на Harvey Nesh и KPMG покажало дека дури 67% од испитаниците кои биле tech лидери изјавиле дека не се во можност да го најдат талентот кој им е потребен поради недостаток на кадри во оваа област. Во светот, а и кај нас се продуцира премногу код од страна на програмерите па потребни се се повеќе софтвер тестери за истиот да се ревидира

На оваа Академија се запишуваат студенти со најразличен background!
Заедничко кај сите нив е голема амбиција, желба за влез во IT светот и стекнување на skill set кој се бара на пазарот. Често имаме студенти кои прават целосна промена на кариера, па доаѓаат од економски, правни или медицински науки, филолози, музичари, но имаме и студенти од техничките факултети кои сакаат да ги збогатат своите знаења и унапредат вештините за работа.

Главните придобивки од оваа Академија се следниве:

  • Учење од искусни ментори со долгогодишно искуство во областа
  • Стекнување вештини преку работа на реални проекти
  • Вмрежување со професионалци од областа
  • Индивидуален фидбек за секоја домашна задача
  • Кариерно насочување преку сеопфатен кариерен модул (учење презентациски вештини, вештини за пишување, себе-презентација и подготовка на CV, LinkedIn профил и симулација на интервју)
  • Поддршка од наша страна во кариерниот пат на студентите и по завршувањето на Академијата

По завршувањето на оваа Академија ти ќе знаеш:

  • Основи на манипулација со бази на податоци (SQL, Excel)
  • Основи на програмски јазик (Java/C#)
  • Како се пишуваат test cases
  • Примена на различни типови на тестирање, дизајн на тестирањето и постигнување што поголем coverage со тестирањето
  • Како да ги репортираш сите недостатоци кои ги имаш најдено за време на тестирањето во јасен и концизен bug report
  • Да стекнеш доверба кај клиентот и да му помогнеш да постигне поголем квалитет на финалниот продукт
  • Автоматизација на мануелни test cases
  • Waterfall и SCRUM методологии
  • Како да се претставиш себе на интервју и на социјални мрежи

По завршувањето на оваа Академија се стекнувате со сертификат за Software Testing. Услови за добивање на сертификатот се:

  • Присуство на минимум 70% од часовите
  • Активно вклучување во сите реални проекти
  • Изработка и презентација на завршен проект

Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај повик од координаторот на Академијата за да договорите датум и време за online информативна средба.

По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за дигитален маркетинг. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.

За да се влезе на оваа Академија не се потребни никакви предзнаења од ИТ сферата или сродна област бидејќи програмата е структуирана на начин што се учи чекор по чекор, од почеток. Сепак, потребна е посветеност и вложување труд и пожелни се лични карактеристики како што се внимание кон детали, аналитички ум и тимски дух.

90% од студентите запишани на оваа Академија работат со полно работно време а голем дел од нив се и во улога на родители. Досегашното искуство ни покажа дека со добра организација на време и желба за учење се постигнува без никаков проблем!

Како дел од активностите на Академијата е и Learning&Hiring програмата, што значи соработка со компании кои често нудат и можност за вработување. Нашиот Hiring Тим ќе се потруди да те поврзе со нашите партнери и да ја најдеме твојата идеална работа.

Во оваа индустрија може да се започне со просечна плата, според македонски стандарди на junior позиција, но со искуството платите бележат брз и прогресивен раст и доколку се напредува на позицијата платите го надминуваат македонскиот стандард.

Сите предавања на Академијата се одвиваат попладне, односно по 17 часот.

Водејќи се од примери од интернационални престижни универзитети и Академии, предавањата ќе се одвиваат целосно online. Безбедноста на студентите и менторите ни е секогаш на прво место.

Цената за 6 месечната Академија изнесува 1550 евра, со можност на плаќање на рати во договор со студентот.

 За нас:

Brainster e компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење вештини како Data Science, програмирање, маркетинг, дизајн и Software Testing.